|
|
|
 |
ЗА НАС |
|
|
|
| |
|
|
Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Охрид
- Република Македонија,
формирана е на 19.07.1950г. како "Болница за лекување на
коскено-зглобна туберкулоза". Во повеќегодишниот стручен,
кадровски и економски развој, во болницата се создаваат
услови, покрај лекувањето на коскено-зглобната туберкулоза
успешно да се лекуваат и цела низа други ортопедски
заболувања, да се имплементираат нови методи на лекување на
акутната траума и последиците на траумата на локомоторниот
систем. Во 1988 г. болницата прераснува во "Институт за
ортопедија и трауматологија за да 1995г. согласно со Законот
за здравствена заштита го промени називот во "ЈЗО Специјална
болница за ортопедија и трауматологија". |
 |
| Следејќи ги современите текови во
ортопедската хирургија, трауматологијата и воопшто
реконструктивната хирургија, како и физикалната медицина и
рехабилитација, постепено се афирмира ставот за експанзивна
стручнокадровска политика, имплементирајќи нови методи и
техники на работа. Адекватно на новите барања, дефиниран е
ставот за функционалност и рационалност во организацијата на
работата. Болницата располага со 400 болнички кревети. Во
болницата се лекуваат 2500-3000 пациенти годишно со околу
1000 оперативни зафати и просечно времетраење на лекување од
33,2 дена. Број на вработени: 253; 10 ортопедски хирурзи, 3 анестезиолози, 6 специјалисти
по физикална медицина и рехабилитација, 1 уролог (доктор по
медицински науки), 1 специјалист по пластична хирургија, 1 трансфузиолог, 1 радиолог, 1 неурохирург, 1
специјалист по биохемија, 2 специјалисти педијатри. |
|
|
|
|
|
| |
Историјат на болницата |
|
| |
|
50тите години: формирана како специјална болница за
лекување на туберкулозата на коскенозглобниот систем;
третманот на туберкулозата: конзервативен;
Крајот на 50тите и почетокот на 60тите: оперативни
зафати на остеомускулниот систем во третман на
остеомускулната туберкулоза и оперативни зафати кај деца со
последици на Детска парализа и воспалителни процеси на
зглобови и коски; Воведен е систем на рана неонатална
детекција и превенција на вродени и развојни аномалии кај
новородени деца;
Крајот на 70тите години: реконструктивни зафати на
колк кај деца; ендопротетска замена на зглобот на колкот; |
 |
|
 |
Почетокот на 80тите години: имплементирани се
конзервативни и оперативни методи и техники за корекција на
деформитетите на рбетниот столб; формиран е центар за
параплегија кој обезбедува конзервативно и оперативно
лекување на параплегични пациенти и нивна рехабилитација;
На почетокот на 80тите внесени се низа на конзервативни и
оперативни методи на лекување на деца со последици од
Церебрална парализа, како и нивна рехабилитација. |
- 1984г.
имплементирани се нови методи и техники на работа по
Илизаров, кои се однесуваат на елонгационо-реконструктивни
зафати на долгите цевкасти коски (елонгации,
корективно-реконструктивни зафати, псеудоартрози и коскено
дефекти како и деформитети на стапалото од вродена или
стекната природа)
Во 70тите и 80тите години остварени се многубројни контакти
и развиена е стручна соработка со низа референтни центри,
како на просторите на тогашна Југославија, така и со
институции во Франција, СССР и Германија. |
 |
Кон крајот на 80тите и во 90тите години
имплементирани се низа оперативни зафати од областа на
современата трауматологија следејки ги принципите на АО/АСИФ
школата.
- 1997г. во нашава
болница, имплементиран е за првпат во нашава држава
интегрален болнички информационен систем кој во целост го
опфаќа медицинското и административното работење во
болницата и направен е приклучок на Internet. |
Од останатите стручни активности на
болницата:
- 1974г. во организација
на ЈУОТ (Југословенското здружение на ортопеди и
трауматолози) во Охрид е одржан Конгрес на ортопеди и
трауматолози на Југославија со мегународно учество
- 1984г. Организиран е
симпозиум за Целебрална парализа
- 1988г. Остварена е
посета од страна на Г.Шопен од Берк, Франција со цел да се
промовира методата на ЦД во лекување на деформитетите и
траумата на рбетниот столб;
- 1989г. Организиран е
симпозиум за Деформации на рбетниот столб
- 1989г. Формиран
иницијативен одбор за здружение кое работи на
проучување на методите на Илизаров
- 1984, 1986, 1989 г. во
нашава болница одржани се семинари за методите на Илизаров
под директно водство на Академик Проф Гаврл Абрамович
Илизаров и сегашниот директор на Рускиот научно-истражувачки
центар за реконструктивна ортопедија и трауматологија:
Академик, Проф Владимир Иванович Шевцов. |
|
|
|
|
|
|