Презентации

ОнлајнПомош

ПАТОЛОГИЈА

  • Презентации

    ПРЕЗЕНТАЦИЈА (PRESENTATION OF CASES)

  • ПАТОЛОГИЈА

    Патологија со која се занимаваме Ортопедија Трауматологија Физикална терапија и рехабилитација Урологија Неурологија Пластична хирургија Неурохирургија Артроскопија (менискус-биопсија) и лигаментопластика на колено

  • ТЕЛЕМЕДИЦИНА

    Св.Еразмо Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Охрид - Република Македонија, нуди можност за телеконсултации преку Internet за сите медицински и научни институции како и за сите заинтересирани лица.

  • Онлајн Помош

    In convallis venenatis magna, nec interdum ipsum iaculis et. Nulla facilisi. Duis in neque malesuada vestibulum ut neque.

Some descriptionЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо” – Охрид е на површина од 60.476,00 м2 со вкупно 13.869,02 м2 изградена површина во функција на здравствена заштита (болнички блокови со придружна инфраструктура). Работен капацитет на болницата е 237 болнички кревети (вон стандардни услови), а оптимален 205 болнички кревети. Степен на искористеност на работен капацитет е 73,44%.

ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо” - Охрид е формирана 19.07.1950 год. како Специјална болница за косно-зглобна туберколоза.

Низ повеќегодишниот стручен, кадровски, просторен, технички и економски развој во болницата се создадоа услови, покрај костната туберколоза успешно да се лекуваат и сите други ортопедско трауматолошки заболувања така таа се разви во специјализирана здравствена организација за давање на здравствена заштита во областа на ортопедијата и трауматологијата и костнозглобна туберколоза. но само за десет години во 1988 година прерасна во Институт за ортопедија и трауматологија. Со усогласување на Законот за здравствена заштита, а со Одлука на Собранието на Република Македонија број 08 - 1870/1 од 18.05.1995 година во Судскиот регистар број 2553/95 од 16.06.1995 година го менува називот во Јавна здравствена организација "Специјална болница за ортопедија и трауматологија" Охрид, а во 2000 година со Одлука на Собранието на Р.Македонија го доби и називот "Св. Еразмо".

ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо” - Охрид е организирана во медицински отсеци и одделенија како што следи:

- ортопедско-трауматолошки женски медицински отсек (I кат стара зграда)

- ортопедско-трауматолошки машки медицински отсек (II кат стара зграда)

- медицински отсек -амбуланти(7) со превијалиште и гипс сала (Приземје стара зграда)

- ортопедско-трауматолошки детски медицински отсек (II Павиљон)

- женски медицински отсек за рехабилитација /параплегија (I кат нова зграда)

- машки медицински отсек за рехабилитација /параплегија (II кат нова зграда)

- медицински отсек за церебрална парализа и ортопедија (III кат нова зграда)

- ортопедски - нов објект - посебен стандард

- медицински отсек - оперативен блок (I,II сала и III нова трауматолошка оп.сала)

- медицински отсек - сала за интензивна нега и реанимација

- медицински отсек за физикална терапија

- медицински отсек РТГ, КТ, ЕХО

- медицински отсек (неурологија) ЕЕГ и ЕМГ

- медицински отсек биолабораторија

(во рамките на секој медицински отсек егзистира одделение за физикална терапија)

- одделение за припрема на храна

- одделение за припрема на веш

- одделение за техничко одржување

- административно одделение за економско-финансиски работи (фин.книговодство, матријално книговодство, ликвидатура со фактурно, благајна, приемно, болничко интерна аптека)

- административно одделение за општо-правни работи (општо-правни работи архива, ПП заштита и осигурување, архива, кадрово, обезбедување)

ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо” - Охрид односно медицинските оддели располагаат со модерна опрема од висока технологија помеѓу кои би го издвоиле и тоа:

- 2 операциони асептички сали со комплетна инфраструктура и инструментариум и 1 нова операциона сала со намена за септичка ургентна трауматолошко - ортопедска медицина со пропратна инфраструктура (за реанимација и интензивна нега) со опрема и инструментариум.

- 18 + 6 кревети за интензивна нега и реанимација со потребна инфраструктура

- РТГ кабинет, (постоечки и нов) ЕХО и КТ Скен кабинет

- ЕМГ и ЕЕГ кабинет

- 1 лабораторија за медицински анализи (мед.биохемија)

- 1 аптека - интерна

- 7 амбуланти за надворешни прегледи со приемно одделение

- 1 гипс сала

- блок со 4 одделенија за физикална терапија со протребна опрема

- 1 базен и 1 мал детски базен со комплет апарати за физикална терапија

- комплетен информатички систем (хардвер и софтвер) и 24 интернет конекција

Третманот на пациентите се врши екипно со доктори на медицински науки, примариуси, специјалисти, ортопеди специјалисти, физијатри специјалисти, неурохирург специјалист, анестезиолози специјалисти и повеќе лекари на различни специјализации помогнати од виш и среден медицински и парамедицински персонал.

ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо” - Охрид располага со проверен и префесионален стручно медицински кадар од вкупно 42 лекари и тоа доктори на медицински науки уролог 1, примариуси специјалисти - ортопеди 3, ортопеди специјалисти 6, специјалисти физијатри 8, специјалисти физијатри примариус 1, специјалисти анестезиолози 4, субспецијалисти ортопед трауматолог примариус 1, субспецијалист за пластична хирургија 1, специјалист за неврохирургија 1, специјалист за мед. Биохемија 1, специјалисти педијатри 2, специјалист ренгенолог 2, специјалист неуролог 2.

Согласно програмата за стручна специјализација 2013 и 2014 год на специјализација се упатени 9 доктори на специјализација ортопедија, 4 анестезија, 3 неурохирургија и 1 за трауматологија.

Покрај нив ангажиран е медицински и друг персонал заради целосно обавување

Во 1988 г. болницата прераснува во "Институт за ортопедија и трауматологија за да 1995г. согласно со Законот за здравствена заштита го промени називот во "ЈЗО Специјална болница за ортопедија и трауматологија".
Следејќи ги современите текови во ортопедската хирургија, трауматологијата и воопшто реконструктивната хирургија, како и неурохирургијата и урологијата, проследено со физикалната медицина и рехабилитација, постепено се афирмира ставот за експанзивна стручнокадровска политика, имплементирајќи нови методи и техники на работа.
Од тој аспект ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ – Охрид го осигурува третманот на сите заболување од специјалнистичко консултативната и болничката здравствена заштита, и тоа на локомоторниот апарат, вклучувајќи медикаментозен – хируршки, конзервативен третман и третман со физикална терапија и рехабилитација како продолжено болничко лекување и тоа:

  • Aномалии на локомоторниот систем, исчашување на колкови, деформитети на стапало, врат, граден кош,
  • Заболувања на `рбетот, тумори, вадење дискус, искривувања – кифози и сколиози),
  • Оперативни интервенции на колк и колено со апликација на ендопротези, остеотомии, пластики,
  • Колено – артроскопски и слични интервенции, вадење менискуси, синевектомии, артродези, коњско стапало, рамни стапалам excavatus, varus, adductus,
  • Неспецифични и специфични воспалителни заболувања на коските и зглобовите,
  • Згрижување на сите видови скршеници на локомоторниот систем,
  • Издолжување на екстремитетите и решавање на псеудоартрози по методата „Илизаров“,
  • Оперативни зафати од доменот на урологијата и пластичната хирургија,
  • Церебрална парализа (конзервативно и оперативно лекување),
  • Третман со физикална терапија, хидротерапија, кинезитерапија, хелиотерапија, ласеротерапија и сличи.
  • Рехабилитација како продолжено болничко лекување.

ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ – Охрид односно медицинските оддели располага со модерна медицинска опрема со висока технологија, како и комплетен информатички систем (хардвер и софтвер) и 24 часовна интернет конекција и видео надзор.

ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ – Охрид е на површина од 60.476,00 m2 со вкупно 13.869,02 m2 изградена површина во функција на здравствената заштита (болнички блокови со придружна инфраструктура). Работниот капацитет на болницата е 237 болнички кревети, а оптималниот капацитет е 205 болнички кревети.

ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ – Охрид располага со проверен и професионален стручен медицински кадар од вкупно34 лекари, и тоа:

  • Доктори на медицински науки – 1 уролог,
  • Примариус специјалисти – 2 ортопеди,
  • Специјалисти ортопеди – 7,
  • Специјалисти физијатри – 9,
  • Специјалисти анестезиолози – 2,
  • Субспецијалист за ортопедија и трауматологија – 1,
  • Субспецијалист за пластична хирургија – 1,
  • Специјалист за неврохирургија – 1,
  • Специјалист за медицинска биохемија – 1,
  • Специјалисти педијатри – 2,
  • Специјалисти рентгенолози – 2,
  • Специјалист за општа хирургија – 1,
  • Специјалист невролог – 1, и
  • Специјализант на неврохирургија – 1.

Согласно Програмата за стручна специјализација, на специјализација треба да се упатат доктори на медицина за спедијализација на:

  • Анестезија – 2 специјализанти, и
  • Ортопедија – 2 специјализанти.

Some descriptionЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ – Охрид заклучно со 10.10.2012 година има вкупно 243 вработени со потребен број среден медицински кадар.
Во 2008 година извршени се околу 1.260 хируршки интервенции, а бројот на пациенти примени на стационарно лекување и рехабилитација изнесува околу 2.400.

Во периодот од јануари до декември 2011 година, болничко – стационарно лекувани се 4.131 пациенти со придружници од кои 3.462 како осигуреници на ФЗОРМ и 669 останати, т.е. кои не се осигуреници на ФЗОРМ, односно дијагноза / пациент 2915 од кои осигуреници на ФЗОРМ 2.420 и останати 495 пациенти.
Специјалистичко – консултативно лекувани се дијагноза / пациент 36.097 од кои 34.945 се осигуреници на ФЗОРМ и 1.152 останати.
Бројот на извршените операции е 1.747, од кои 1.488 се осигуреници на ФЗОРМ и 259 останати.
Остварени болнички денови има 63.527, од кои 53.054 за пациенти, а 10.473 за нивни придружници.
Степенот на искоритеност на капацитетите изнесува 73,44 %, а просечно времетраење на лекувањето е 15,38 денови кое е долго, а тоа е поради тоа што покрај времето на оперативниот дел пациентите остануваат за медицинска рехабилитација.

Во 2012 година болнички се лекувани 3.108 пациенти од кои 2.726 се осигуреници на ФЗОРМ и 382 приватно.
Извршени се 36.611 амбулантни прегледи од кои 35.465 за осигуреници на ФЗОРМ, а 1.146 приватно.
Бројот на извршени операции е 1.701 од кои 1.516 се осигуреници на ФЗОРМ и 185 приватно.

Благодарејќи на развиената стручна соработка со еминентни стручни лица и реномирани институции од светски ранг, болницата “Св. Еразмо” – Охрид успева постојано да биде во тек со најновите искуства и достигнувања, применувајќи ги најновите методи од областа на ортопедијата и трауматологијата, како и примена на сите официјални медицински протокли и патеки донесени од страна на Министерството за здравство на Република Македонија. Интрахоспиталните инфекции се непознати за нашата болница.
Во рамките на болницата постојат 20 апартмани со телевизор, интернет, телефон, посебен режим на исхрана и посебен медицински третман во однос на медицинската нега и рехабилитација.

Copyrights ©2017: Дизајнирано од Ентер Доо, Охрид