Меѓународна Соработка

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА
     
 
 
ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ – Охрид во својата агенда за соработка, стручно усовршување како и проширување на дејноста, како приоритети на ова поле го има:
  1. Научно истражувачки центар за реконструктивна ортопедија и трауматологија „Илизаров“ од Курган – Русија, продолжување и проширување со нови содржини на соработка,
  2. Ортопедска болница „Валдотра“ – Република Словенија, продолжување и проширување на соработката,
  3. Институт „Кало“ Берк Плаж – Франција, продолжување и проширување со нови содржини на соработка,
  4. Клинички центар – Скопје, поинтензивна соработка,
  5. Министерство за здравство на Република Бугарија, продолжување и проширување на воспоставените контакти за реципрочен престој за едукација на специјалисти во бугарските здравствени установи и обратно,
  6. Продолжување на соработката со лекари – специјалисти од Република Албанија и Косово заради проширување на соработката преку организирање на стручни конференции.
  7. Поврзување во функција и взаемна соработка со други еминентни клиники од Балканските простории и пошироко заради проширување на содржините (здравствен туризам, оперативни зафати, лекување, едукации и сл.)
  8. Стручни престои во реномирани ортопедски центри во Европа и размена на стручен кадар.
  9. Упатување на лекари специјалисти на субспецијализација.
  10. упатување на лекари на специјализација и тоа:
    • анестезија и реанимација,
    • ортопедија.
  11. Организирање на стручни предавања, семинари од разни специјалистички области, а во функција на едукација на постојниот лекарски кадар со новините во областа на здравството.
  12. Посебен акцент на:
    • усовршувањето во областа на артроскопијата,
    • ендопротетика на колк, колено и зглоб,
    • ендопротетика на рамо, лакт, шака, прсти,
    • спинална симулација на `рбет,
    • конзервативно и оперативно лекување на деформитетите на `рбетот (сколиози и кифози),
    • егализација и елонгација на екстремитетите по методите на Професор Илизаров,
    • специфични и неспецифични инфекции на локомоторниот систем,
    • рана дијагностика и лекување на церебрална парализа,
    • траума на локомоторниот систем и секвели од траумата,
    • рехабилитација на параплегични и хемиплегични болни.
Copyrights ©2017: Дизајнирано од Ентер Доо, Охрид