22 мај 2014

Современиот начин на живот и продолжениот век на живеење наметнаа нови проблеми во ортопедијата, пред сe од типот на дегенеративни заболувања на зглобот на колкот и коленото.
Процедурите на замена на зглобови (колк и колено) драстично го подобруваат квалитетот на животот и покажале околу 90 % ефикасност кај оперираните пациенти во олеснување на болката, зголемувањето на нивната способност за извршување на секојдневните задачи, зголемена мобилност и ослободување од хроничната болка.
Во ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ – Охрид, следејќи ги секојдневните светски трендови за развој на ендопротетиката кај конгенитални, трауматски и дегенеративни заболувања на зглобовите веќе 18 години успешно извршува протезирање на колкови, а 8 години на колена, со примена на примарна и ревизиона артропластика.

Copyrights ©2017: Дизајнирано од Ентер Доо, Охрид