Д-р Јоне Мицевски

БИОГРАФИЈА

Some description

Др Јоне Мицевски спец. по физикална медицина и рехабилитација, роден на 06.09.1958 г. во Охрид. Основно и средно образование завршил во Дебар, а Медицински факултет во Скопје.

Во 1991 г. завршил едногодишна едукација за оспособување на водење Хемодијализа, после што е вработен како раководител во новоотворениот Центар за Хемодијализа при Медицински Центар Дебар, со валиден сертификат за водење на современа хемодијализа во болнички и амбулантски услови, издадена од Клиниката за Нефрологија во Скопје.

Во 1999 г е назначен и ја обавува функцијата заменик директор при Медицински центар  Дебар. Во истиот период во текот на четири години е и претседател на Црвениот Крст, како и советник во градскиот совет.

На 06.2005 г. завршил специјализација по физикална медицина и рехабилитација. Од тој период ја води службата за физикална медицина во Општа Болница во Дебар.

Во декември 2006 г. започнува со работа во ЈЗУ специјална болница за ортопедија и трауматологија св.Еразмо Охрид.

Активен учесник е на многу семинари, секции.Учесник на првиот македонски конгрес за физијатри со своја тема,учесник на седмиот конгрес на физијатри на Р.Србија во Тара-октомври 2007 г., со постер презентација за остеопороза кај Хемодијализни пациенти,учесник со постер презентација на десеттиот конгрес на Физијатри на Србија во Кладово 02-05.2010 г., учесник и на вториот конгрес на Физијатри на Македонија, со постер презентација, тема за остеопороза. Во 2008 и 2009 г. ја посетува и е учесник на првата и втората школа за водење на остеопороза во Р. Македонија која беше одржана во Охрид, при што се здобива со соодветен сертификат.

Учесник е на 17-тти Конгрес на Физијатри во Копаоник-Србија со постер презентација во мај 2017 г.

Учесник е на Меѓународен Конгрес на медицинари во Тетово,октомври 2017 г,со своја тема за коленски зглоб,ендопротезирање и рехабилитација.

На 14.12.2009 г. Министерството За Здравство на Република Македонија, а врз основа на член 50 од Законот за лековите и медицинските помагала (Сл.весник на РМ бр.106/07), на барање на ХОФМАН-ЛА РОШЕ Лтд представништво - Скопје, издаде СЕРТИФИКАТ на Специјална болница за ортопедија и трауматологија - Охрид, дека ги исполнува условите по однос на простор, опрема и кадар за вршење на клиничко испитување: со наслов Постмаркетиншка студија за безбедност на ИВ ибандрон (Бонвива) во постменопаузалната остеопороза, обсервациона студија. Во истражувачкиот тим во ова клиничко истражување е  Др Јоне Мицевски.

Еден период работи на одделение за ургентна хирургија и рехабилитација на пациенти после имплантација на коленски и колк ендопротези,како и состојби после артроскопии и сл.

Денес работи во истава установа на одделение за параплегии и рехабилитација на пациенти после мозочен удар,постопертивни состојби после имплантација на ендопротези од колк и колено,на женски оддел,во склоп на болницата Св Еразмо.

Како специјалност му се рехабилитација на постоперативни состојби после вградување на вештачки колк или колено,рехабилитација на состојби после мозочен удар,лекување и превенција на остеопороза,како и други постоперативни состојби решени со остеосинтетски материјал.

 

Од 18.05.2012 год. беше вклучен во званична постменопаузална студија на фирмата Alvogen - USA, како истражувач, во текот на една година со нивниот производ Alvodronic acid a 150 mg.

 

Добро владее со албанскиот јазик,комуницира и на англиски.

 

Контакт телефон: 070/241 899. E-mail jonealekm_@hotmail.com

 

Copyrights ©2017: Дизајнирано од Ентер Доо, Охрид