06 ноем. 2019

Врз основа на член 108 став (1)  од Законот за здравствената заштита (Сл.весник на Република Македонија. бр. 43/12, 145/12, 87/13, 164/13, 39/14, 43/14, 132/14, 188/14, 10/15, 61/15, 154/15, 192/15, 17/16,  37/16, 20/19 иСлужбен весник на Република Северна Македонијабр.101/19 и  153/19),  Одлуката на Управниот одбор за распишување на јавен конкурс за избор на директор на ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија ,,Св.Еразмо– Охрид број 02-756/3 од 12.09.2019 година и член 18 од Статутот на ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија ,,Св.Еразмо– Охрид , Управнииот одбор на ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија ,,Св.Еразмо - Охрид  распишува

Ј А В Е Н  К О Н К У Р С

за избор  на директор  на  ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија ,,Св.Еразмо– Охрид

 

               Се распишува Јавен конкурс за избор на директор на ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија ,,Св.Еразмо– Охрид со мандат од четири години.

 

1. Пријавените кандидати треба да ги исполнуваат следните услови:

 

-  Да е државјанин на Република Северна Македонија,

 

- Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,

 

- Има завршено високо образование од областа  на медицината или стоматолошките или фармацевтските  науки, високо образование-дипломиран логопед, високо образование-специјалист по медицинска биохемија, високо образование од областа на економските или правните науки или јавно здравствениот менаџмент  или завршени академски студии со најмалку 240 ЕКТС, односно најмалку VI Б ниво согласно со Националната рамка на високообразовните квалификации,

 

- Има минимум пет години работно искуство во здравствена установа, односно во економијата,финансиите,  правото или менаџментот или од системот и организацијата на здравствената заштита и здравственото осигурување.

 

- Понуди најквалитетна програма за работа на јавната здравствена установа и

 

- Поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:

 

                              - ТОЕФЛ ИБТ најмалку 74 бода,

 

                              - ИЕЛТС ( IELTS) – најмалку 6 бода,

 

                              - ИЛЕЦ ( ILEC) ( Cambridge English; Lagal) – најмалку Б2 (В2)ниво,

 

                              - ФЦЕ (FCE) (Cambridge English; First)-положен,

 

                              - БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода или

 

                              - АПТИС ( APTIS) – најмалку ниво Б2 ( 2 )

 

2. Во прилог на пријавата / која треба да содржи име, презиме, адреса на живеење, контакт телефон и мејл адреса како и куса   биографија на кандидатот/  Кандидатите треба да ги достават следните документи:

 

               - Документ / Уверение дека е државјанин на Република Северна Македноја, издаден од надлежен орган и не постар од 6 месеци / оригинал или фотокопија заверена  кај нотар/,

 

               - Потврда од казнена/ судска евиденција издадена од надлежен суд дека со правосилна пресуда  не му е изречена казна - прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност/ и  потврда од Централен регистар, во оригинали, не постари од 6 месеци.

 

               - Документ  за завршен степен и вид на образование/ во фотокопија, заверена кај  нотар/,

 

               - Потврда за работно искуство од здравствена установа, за работа од областа во економијата, финансиите, правото или менаџментот или од системот и организацијата на здравствената заштита и здравственото осигурување/оригинал/,

 

- Програма за  работа на јавната здравствена установа во која се јавува на јавниот конкурс,

 

               - Меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англискиот јазик /во фотокопија, заверена кај нотар/ не постар од пет години.

 

3. Јавниот конкурс трае 15 ( петнаесет ) дена сметано наредниот ден од  денот на објавувањето.

 

4. Пријавите заедно со прилог документите да се доставуваат во затворен коверт до Конкурсната комисија за избор на директор во архивата на ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија ,,Св.Еразмо– Охрид. секој работен ден од 07,30 часот до 15,00 часот или преку пошта со препорачана пратка на адреса ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија ,,Св.Еразмо - Охрид ул. ,,Гоце Делчев б.б. 6000 - Охрид,

 

5. Некомплетните и ненавремено доставените документи  Конкурсната комисија нема да ги разгледува.

                  

 

Број.04-927/1                                                                                             Управен одбор на

 05.11.2019 год.                                                                    ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија

                                                                                                  и трауматологија ,,Св.Еразмо - Охрид

 

Конкурс за директор

Прилог 1

Прилог 2

Copyrights ©2017: Дизајнирано од Ентер Доо, Охрид