За Нас

ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија"Св.Еразмо"  - Охрид е формирана 19.07.1950 год. како Специјална болница за косно - зглобна туберкулоза.

Низ повеќегодишниот стручен, кадровски, просторен, технички и економски развој  во болницата се создадоа услови, покрај костната туберкулоза успешно да се лекуваат и сите други ортопедско трауматолошки заболувања  така  таа се  разви во специјализирана здравствена организација за давање на здравствена заштита во областа на ортопедијата  и трауматологијата и костнозглобна туберкулоза, но само  за десет години во 1988 година  прерасна во Институт за ортопедија и трауматологија.

Со усогласување на Законот за здравствена заштита, а со Одлука на Собранието на Република Македонија број 08 - 1870/1 од 18.05.1995 година во Судскиотрегистар број 2553/95 од 16.06.1995 година го менува називот во Јавна здравствена организација " Специјална болница за ортопедија и трауматологија " Охрид, а во 2000 година со Одлука на Собранието на Р.Македонијабр. го доби и називот "Св.Еразмо".

 ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија и трауматологија"Св.Еразмо"  Охрид го осигурува третманот на сите заболувања специјалистичко-консултативна и болничка, на локомоторниот апарат вклучувајќи медикаментозен - хируршки, конзервативен третман и третман со физикална терапија и и рехабилитација како продолжено болничко лекување и  тоа:

- аномалии на локомоторниот систем, исчашување на колкчиња, деформитети на стапало,   врат, граден кош;

- заболувања на 'рбетот (тумори, вадење дискус, искривувања - кифози и сколиози) ;

- оперативни интервенции на колк и колено со апликација на ендопротези , остетомии, пластики;

- колено-артроскопски и слични интервенции, вадење менискуси, синовектомии, артродези, коњско стапало, рамни    

  стапала,еџцаватус, варус, аддуцтус;

- неспецифични и специфични воспалителни заболувања на коските и зглобовите;

- згрижување на сите видови скршеници на локомоторниот систем;

- издолжување на екстремитетите и решавање на псеудоартрози по методата "Илизаров",

- оперативни зафати од доменот на урологијата и пластичната хирургија;

- церебрална  парализа, (конзервативно и оперативно лекување);

- третман со физикална терапија, хидротерапија, Кинези терапија, хелиотерапија и ласеротерапија и сл.

-рехабилитација како продолжено болничко лекување

За дел од претходно опишаните услуги , ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија "Св.Еразмо"е единствена на територијата на Република Македонија  како што е оперативниот третман на деформитети на   ,рбет  и оперативно лекување на ортопедски и трауматолошки случаи по методот на  Илизаров.

 

ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија "Св.Еразмо"  Охрид  е организирана во медицински отсеци и одделенија како што следи:

- ортопедско-трауматолошки женски медицински отсек;

- ортопедско-трауматолошки машки медицински отсек;

- ортопедско-трауматолошки детски медицински отсек;

- ортопедско-трауматолошки женски медицински отсек за параплегија ;

- ортопедско-трауматолошки машки медицински отсек за параплегија;

- медицински отсек за церебрална парализа;

- нов објект-посебен стандард;

- медицински отсек - оперативен блок/ И и ИИ сала/ и ИИИ сала за септичка ургентна трауматолошко-ортопедска медицина

-медицински отсек-сала за интензивна нега и реанимација;

- медицински отсек за физикална терапија;

-медицински отсек-амбуланти со превијалиште и гипссала;

-медицински отсек РТГ,КТ и ехо;

-медицински отсек биолабароторија;

-медицински отсек за ЕЕГ и ЕМГ;

/во рамките на секој медицински отсек егзистира одделение за физикална терапија/;

-административно одделение за економско-финансиски работи/фин.книговодство,материјално 

книговодство,ликвидатура со фактурно,благајна,приемно,аптека и одд. за јавни набавки,/;

-административно одделение за,општо-правни работи/општо-правни работи,архива,ПП заштита и   

  осигурување,архива,кадрово,обезбедување/;

-одделение за припрема на храна;-одделение за припрема на веш;-одделение за техничко одржавање;

Со јавната здравствена установа/согласно измените и  дополненија на Законот за здравствена заштита/ раководи Директор /едно лице од областа на медицинските или економски науки  кои по претходен конкурс,на предлог на Здравствениот советот на Министерот за здравство , ги назначува Министерот за здравство.Нивни стручни соработници во извршување на стручните задачи од поедини специјалности се за економски прашања, општи и правни прашања ,финансов раководител,главна сестра ,а како помошно стручно тело е стручниот колегиум.

Со медицинските отсеци раководат раководители на медицински отсек , додека со оделенијата раководат одговорни на одделенија.

Како орган на управување е Управниот одбор составен од пет членови од кои два се од редовите на стричните и компетентни лица избрани од стручниот колегиум на ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија "Св.Еразмо" и тројца избрани од страна на Владата на Републка Македонија како преставници на државниот капитал/Министерство за здравство/.                                              

Раководниот кадар на на сите нивоа е со доволно професионално  стручно и раководно искуство што дава амбиент за  сигурна реализација на поставените обврски со Деловниот план и преставува компактно стручно тело  во  реализацијата на основната дејност во целина.

ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија"Св.Еразмо" Охрид располага со проверен и професионален стручно медицински кадар од 42 лекари и тоа доктори на медицински науки - уролог 1, примариуси специјалисти-ортопеди 3, ортопеди специјалисти  6, физијатри специјалисти 5,  анестезиолози специјалисти 4, субспецијалисти ортопед  трауматолог 1, субспецијалист за пластична хирургија 1, специјалист за неврохирургија 2,специјалист за мед. Биохемија 1, специјалисти педијатри 2 , примариус специјалис физијатар 1, специјалисти радиолози 2, специјалист неврлог 2 и 9  лекари на специјализација11(3-анестезија,4-ортопедија,1-траума,3-општи др)

Покрај нив ангажиран е и друг потребен медицински и друг персонал заради целосно обавување на непрекината здравствена дејност, кој со својот високо професионален приод на пружање на медицинските и други услуги допринесува во успешноста во лекувањето и запазувањето на високо стандарди во здравствената процедура.

Во делот на стручното извршување на административните работи ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија"Св.Еразмо" Охрид располага со проверен и професионален кадар составен од четворица дипломирани економисти и кадар со вишо и средно образование како подршка

Вкупниот број на вработени на 30.09.2017 год е 268.Просечна старост на вработените е 49.51 години

Работен капацитет: 237 болнички кревети./2015/

 

               ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија и трауматологија Охрид односно медицинските отсеци располагаат  со модерна опрема од висока технологија помеѓу кои би ги издвоиле и тоа;

- 2 операциони асептички сали со комплетна инфраструктура и инструментариум

- 1 операциона сала за септичка ургентна трауматолошко - ортопедска медицина со пропратна ифраструктура со опрема и инструментариум).

- 18 кревети за интензивна нега и реанимација со потребна инфраструктура

-  сала за РТГ

- ЕХО  И КТ Скен кабинет

- ЕМГ и ЕЕГ кабинет

- 1 лаборатории за медицински анализи медицинска биохемија

- 1 аптека

- 5 амбуланти/ортопедија,неурохирургија,неврологија,физијатрија,педијатрија,анестезија/ за надворешни прегледи со приемно одделение

- 1 гипс сала

- блок со 4 одделенија за физикална терапија со потребна опрема

- 1 базен и 1 мал детски базен(во реконструкција) со комплет апарати за физикална терапија

- комплетен информатички систем/хардвер и софтвер/ и 24  часа интернет конекција.

              

               Третманот на пациентите се врши  екипно со доктори на медицински науки, примариуси, специјалисти, ортопеди специјалисти, физијатри специјалисти, неурохирург специјалист, анестезиолози специјалисти и повеќе лекари на различити специјализации помогнати од виш и среден медицински и парамедицински персонал.

               ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија и трауматологија "Св.Еразмо" Охрид располага со болнички соби со поглед кон Езерото, со сигнални уреди , сателитска и кабловска ТВ, телефон, фрижидери, конфорни бањи и санитарни чворови , секој медицински отсек располага со амбуланта за итни интервенции, лекарска соба и просторија за дневен престој.

               Располата и со посебни издвоени објекти - индивидуални соби за опслужување со посебна нега и посебни услови како и апартмани.

 

ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија и трауматологија "Св.Еразмо" Охрид во 2009 год. од страна на Министерството за здравство беше прогласена за најуспешна болница во доменот на економско-финансовото работење,а истата година лекувани се 3892 стационарни пациенти, 24055 амбулански пациенти и 1633 операции од областа на ортопедија и трауматологија.

 

Индикатори

 

Период                                                          2007       2008          2009       2010        2011         2012        2013        2014          2015         2016       2017

                                                                                         

Реализирани операции                               1242       1405        633      1694      1747        1701     1571       1652       1669     1730       1299

Спец. конс.  зрав.заштита/пациенти/      21343     21595     24055    32444   33988      36610    37610     35322     42080   40389    32673

Спец. конс.  зрав.заштита/прегледи/      22714     22605     24570    30114    36097     45563    59544     56883     58688    57251   45490

Болничка здр.заштита-пациенти.фзо       3023       3317       3892      3999      4131        3380     3150       3066       2936     2861

Бол.здр.заш.-пациенти/реха. со реш           493         472         857        910       913         1338       893       1899       1875     1816

Прос.време на лекување-ден                        25           24      16.25     16.32      15,38       11,77     13.17     12.58      12,84    12,13

 

Во ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија  "Св.Еразмо" Охрид следејќи современите трендови во здравството , а посебно во областа на ортопедската хирургија и трауматоологија и физикална медицина и рехабилитација, е афирмиран ставот за експанзивно стручно-кадровска политика,имплементација на нови методи и техника на работа и адекватно на барањата дефиниран е ставот на функционалност во организацијата на работа.

ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија "Св.Еразмо" Охрид во својата агенда за соработка,стручно усовршување како и проширување на дејноста ,како приоритети на ова поле  го има:

  1. Интезивна соработка со Клинички центар Скопје
  2. Продолжување на соработката со лекари специјалисти од Република Албанија и  Косово заради проширување на соработката преку организирање на стручни конференции
  3. Поврзување во функција взаемна соработка со други еминентни клиники од  Балканските простори и пошироко заради проширување на содржините (здравствен туризам, оперативни зафати, лекување,едукации и сл.).   
  4. Стручни престои во реномирани ортопедски центар во Европа и УСА и размена на стручњаци.
  5. Посебен акцент е даден  во усовршувањето и доедукација на:
  • усовршување во областа на артроскопијата
  • ендопротетика на колк, колено и зглоб,и ревизии
  • ендопротетика на рамо,лакат,шака,прсти
  • спинална симулација на 'рбет
  • конзервативно и оперативно лекување на деформитетите на рбетот (сколиози и кифози)
  • егализација и елонгација на екстремитетите по методите на Професор Илизаров
  • специфични и неспецифични инфекции на локомоторниот систем
  • рана дијагностика и лекување на вродените аномалии на локомоторниот систем
  • дијагностика и лекување на церебрална парализа
  • траума на локомоторниот систем и секвели од траумата
  • рехабилитација на параплегични и хемиплегични болни

   

/ББ/                                                                                         ВД ДИРЕКТОР

 

                                                                                           Прим.  Д-р Ацо Велески

 

Copyrights ©2017: Дизајнирано од Ентер Доо, Охрид